Милвоки Бакс, Хјустон Рокетс и Портланд Трејлблејзерс забележаа победи во своите првите плејоф натпревари во НБА лигата.
Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 24 поени и 17 скока. Тој на теренот мина само 24 минути.
Убедлива победа во привот меч забележаа и Хјустон Рокетс над Јута Џез 122:90. Хјустон имаа предност од 15 поени на полувреме, Јута се обидоа да се вратат во мечот во третиот период, се доближија на негатива од пет поени, но немаа сили за нешто повеќе.
Џејмс Харден реазлизираше 29 поени, 8 скока и 10 асистенции за Хјустон, а кај Јута се истакна францускиот центар Руди Гобер со 22 поени и 12 скока.
Предноста на домашниот терен по првиот меч ја задржаа и Портланд Трејлблезерс со победата над Оклахома Тандер 104:99. Тимот од Орегон водеше во текот на целиот меч, а највисоките 15 поени ги имаше во третиот период.
Демијан Лилард со 30 поени, односно Си-Џеј Мекалум со 24 поени го предводеа Портланд. Против својот поранешен тим блесна и Турчнинот Енес Кантер со 20 поени и 18 скока.
Кај Оклахома најефикасен беше Пол Џорџ со 26 поени и 10 скока, Расел Вестбрук забележа трипл-дабл (24 поени, 10 скока, 10 асистенции).