Лимај: Косово е подготвено за продолжување на дијалогот

Копретседавачот на преговарачкиот тим на Косово, Фатмир Лимај изјави дека Косово е подготвено во секој момент да го продолжи дијалогот за сеопфатно правно обврзувачки договор за нормализирање на односите со Србија, но дека продолжувањето на разговорите зависи од српската страна.

,,Во моментов мислиме дека испративме порака до меѓународната заедница дека сме подготвени. Тие треба да работат со Србија за таа да биде подготвена да седне на маса. Кога ќе биде подготвена Србија, и ние сме подготвени. Тоа не зависи само од нас, туку и од другата страна”, рече Лимај за приштинската агенција Косовапрес.

Тој рече дека обврска на тимот од Косово е прашањето за исчезнатите лица за време на војната да биде главна тема во разговорите и вети дека нема да има конечен договор без откривање на судбината на исчезнатите и истрага на случаи на сексуално насилство за време на војната во Косово.

Треба да знаете
Последни објави