Повеќе од 20 лица се уапсени во немирите поттикнати од митингот на десничарската партија на Данска во населва во Копенхаген претежно населена со муслиманско население, пренесува „Спутник“.
„”Уапсивме 23 лица во немирите што почнаа вчера и продолжија ноќта. Планираме да продолжиме со процедурите во врска со шестмина од привеените”, напиша полицијата од Копенхаген на Твитер.
Во порака на Твитер, данскиот премиер Ларс Локе Расмусен го осуди инцидентот како бесмислена провокација.
Во неделата водачот на партијата „Страм курс“, Расмус Палудан, и неговите поддржувачи одржаа демонстрации во Норебро, една од населбите во Копенхаген каде што живее голема муслиманска заедница.
Немирите избија кога локалните жители ги нападнаа демонстрантите. Полицијата мораше да употреби солзавец.