Како што соопштуваат од НЛБ банка, заедно со надлежните работат на расчистување на случајот, како и на утврдување на висината од направената штета.
Посочуваат дека клиентите кои се затекнати во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.
-Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, истакнуваат во соопштението.