Хрватска годинава ќе издвои 25,8 милиони куни, за 1,8 милиони повеќе од лани, за проекти и програми од интерес за Хрватите од Босна и Херцеговина, одлучи Владата.
Основана е и Комисија за коорцинација и финансирање на културните, образовните, научните, здравствените и останатите програми и проекти од интерес за хрватскиот народ во БиХ годинава, јави „Хина“.
Од хрватската влада истакнаа дека проектите и програмите кои ќе се финансираат со буџетот помагаат за заштитата на идентитетот на Хрватите во БиХ како рамноправен и конститутивен народ.