Антонио Конте е еден од изненадувачките кандидати за нов тренер на Баерн Минхен, информира италијанскиот весник „Кориере дело спорт”.
Во материјалот се вели дека поранешниот ментор на Јувентус и Челзи имал безброј предлози, но најконкретен и најпримамлив од сите е тој на тимот од Минхен.
Актуелниот тренер, Нико Ковач најверојатно ќе ја напушти „Алијанц арена” по крајот на годината. Хрватот е цел на чести критики, па дури и извршниот директор Карл-Хајнц Руменге вели дека никој нема загарантирано место во Баерн.
Шефот остана длабоко разочаран од бесмислената елиминација од Ливерпул во Лигата на шампионите. Најуспешниот германски клуб играше плашливо и изгуби 1:3 на својот стадион, што ја запечати, се чини, судбината на Ковач
Според германските медиуми, сепак Баерн нема да ризикува со Коне поради нивното болно искуство со Италијанците (Џовани Трапатоне и Карло Анчелоти), и поради дефанзивниот стил на Антонио.
Конте, сепак, стана трикратен шампион во Италија со Јувентус, го одведе Челзи до титулата во Премиер Лигата во своето деби, и дефинитивно покажа дека има гени на победник. Тоа на крајот може да предизвика шефовите на Баерн да прибегнат кон сензационално назначување.