Системот за следење и регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина, вчера, од почетокот на денот до 19 часот, во Грција регистрирал 11 илјади молњи, јави дописничката на МИА од Атина. Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, врнежите на дожд до стигнаа до 30 милиметри, а биле регистрирани околу 700 молњи.
Грција вчера беше зафатена од силни врнежи од дожд, додека пак во центарот на Атина, падна големо количество град, што резултираше, улиците да наликуваат како да се покриени со снег.
Карактеристична е фотографијата од центарот на Атина, објавена на социјалните мрежи.