Во трговскиот центар „Рајичева”, во самиот центар на Белград, вчера беше отворена првата кафетерија „Старбакс“.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, за „Блиц” изјави дека преговорите за доаѓањето на Американците траеле две години, а по негова иницијатива на влезот во кафетеријата името е напишано на кирилица.
Весиќ рече дека квалитетот на кафето е ист како и на секое друго место, но цената ќе биде прилагодена на српскиот пазар.
„Многу сме радосни што ќе им донесеме единствено старбакс-искуство на потрошувачите во Србија со отворањето на нашата прва кафетерија во Белград. Оваа земја има богата традиција на пиење кафе и задоволство ни е да станеме дел од тоа, создавајќи место каде потрошувачите можат да уживаат во висококвалитетно кафе, рече претседателот на „Старбакс” во AmRest, компанија која поседува франшиза за „Старбакс” во Централна Европа и има франшиза за синџирот на брза храна КФЦ.