Иранските пратеници со големо мнозинство денеска го усвоија предлог законот со кој американските сили на Блиски Исток се прогласени за терористи.
Од 207 присутни пратеници, 204 гласаа „за”, додека двајца биле „против”, а еден – „воздржан”.
Предлог законот е усвоен еден ден откако во сила стапи одлуката на САД иранската Исламска револуционерна гарда ја прогласи за терористичка организација.
Предлог законот го достави иранскиот министер за одбрана Амир Хатами, со кој и се одобрува на Владата одлучно да дејствува на терористичките акции на американските сили. Законот предвидува властите да преземат „правни, политички и дипломатски” мерки за да се неутрализираат американските потези, но тоа се уште не е разработено.
САД вчера официјално ја прогласија иранската Исламска револуционерна гарда за странска терористичка организација. Тоа е првпат американската администрација во историјата на САД да прогласи орган на странска влада за терористичка организација.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе направи таков симболичен потег, кој е без преседан, што веднаш наиде на осуда од Иран и предизвика загриженост дека ќе бидат нападнати американските сили поради одмазда.
Новата одлука за прогласување на Гардата за терористичка организација ќе го олесни процесуирањето на компании или лица во Европска унија кои соработуваат со Иран.
Американскиот закон веќе ги казнува граѓаните на САД кои соработуваат со иранската Исламска револуционерна гарда дури со 20 години затвор бидејќи организацијата се наоѓа на американската специјална листа на глобални терористи, на кои се применува поинаков начин на санкционирање.
Исламската револуционерна гарда е елитно крило на иранската армија, задолжено за заштита на режимот од внатрешни и надворешни закани. Гардата има околу 150.000 припадници и под нејзина контрола е и Басиџ полицијата која има околу 90.000 активни припадници и единицата за специјални операции во странство Кудс.
Револуционерната гарда не е само најмоќна воена институција во Иран, туку има големо влијание и врз домашната политика и економија, а нејзините интереси се протегаат и на градежната, телекомуникациската, автомобилската и енергетската индустрија, но постојат наводи оти нејзини припадници се вклучени и во прекуграничниот шверц.
Гардата ја надгледува и иранската програма за балистички ракети и нуклеарната програма на Иран.
Иранската исламска револуционерна гарда се наоѓа на црната листа и во Бахреин и во Саудиска Арабија минатата година ја ставија Исламската револуционерна гарда на своите терористички листи. Лидерите на Гардата исто така се наоѓаат на црните листи на ЕУ.
За приврзаниците на иранската Влада, Гардата е заштитник и чување на револуцијата