Денеска уште еднаш потврдуваме дека Сиљановска е неискрена и нечесна пред граѓаните. Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, напразно зборува за правда кога поддржана од партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство.
Сиљановска напразно зборува за правда и фер избори, кога гордо се фотографира со лица осудени токму за кривични дела поврзани со изборите. На јавно објавени фотографии, Сиљановска е во друштво Славица Ангелова од Кочани, осудена за поткуп при избори и гласање за локалните избори 2017 година. Ова е пресуда од Основниот суд во Кочани со која јасно се гледа дека Ангелова има правосилна пресуда и е осудена за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.
За каква правда зборува Сиљановска кога оди низ државата, се слика и бара поддршка од лица осудени за поткуп при изборите? Сиљановска е нечесна, неискрена и лицемерн. Таа не верува ниту во сопствениот изборен слоган. Сиљановска сака само да биде новиот Ѓорге Иванов, нов послушник и извршител на нарачките од белиот дворец и секако на нарачките од лидерот и менторот од Будимпешта.
Граѓаните нема да дозволат државата да ја водат партиски послушници и лицемери како Сиљановска. Во недела граѓаните масовно ќе го подджат концептот на правна држава предводен од Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија- вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.