Алис Вајдел, лидер на парламентарната група на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), смета дека постои врска помеѓу пожарот во понеделникот кој сериозно ја оштети катедралата Нотр Дам во Париз и претходните антихристијански напади во Франција, пренесува „Спутник“.
„За време на Страсната седмица #NotreDame гори. Во март гореше втората најголема црква „Сан Сулпис. Во февруари: 47 напади во Франција”, напиша Вајдел на „Твитер“.
Таа, исто така, објави дека Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација против христијаните во Европа зборува за значително зголемување на бројот на напади, издвојувајќи линк до статијата „Католички цркви осквернавени низ Франција” од март во едно германско католичко списание .
Твитот беше објавен откако јавниот обвинител на Париз, Реми Хејц, изјави дека тие сметаат оти станува збор за несреќа и посочи дека 50 луѓе работат на долга и комплексна истрага за тоа што го предизвика пожарот во катедралата Нотр Дам.
Хејц увери дека ќе бидат искористени сите средства за да се утврди причината за пожарот и потврди дека сé уште се во тек сослушувања на сведоците.
Во февруари, Католичката новинска агенција (ЦНА) објави дека од почетокот на годината најмалку во Франција се случиле најмалку десет напади врз католичките цркви, вклучувајќи подметнување пожари и сквернавење .
„Вандали низ целата земја ги уништуваат статуите, ги превртуваат табернаклите, ја расфрлаат или уништуваат Евхаристијата, ги горат олтарските платна и ги распарчуваат крстовите, меѓу другите дела на сквернавење на религиозни предмети”, објави ЦНА.
Осудувајќи ги активностите на вандалите, Оливие Рибадо-Дима, генерален секретар на Бискупската конференција, истакна дека сквернавењето на црквите е повеќе од обична провална кражба.
„Да се отвори табернаклот, да се земат хостиите и да се осквернави она што за нас е основа на нашата вера, односно присуството на Исус Христос во хостиите, е страшен чин за нас”, изјави тој.