Исхраната игра клучна улога во одржување на физичкото здравје, тоа е добро познат факт. Но, дали сте знаеле дека истото важи и за менталното здравје?
Имено, доколку во исхраната ги користите следниве 10 зачини, функцијата на мозокот ќе остане на оптимално ниво, а класичните симптоми кои доаѓаат со стареењето ќе бидат одложени.
1. Куркума
Содржи супстанци кои го спречуваат настанувањето на штетниот плак во ткивото на мозокот, кој се смета за главен виновник за појава на Алцхајмерова болест.
2. Шафран
Екстрактот од овој зачин е моќен антидепресив и помага во спречување на анксиозните нарушувања.
3. Жалфија
Ја подобрува функцијата на хипоталамусот, подрачјето во мозокот кое е задолжено за меморијата.
4. Цимет
Помага во подобрување на концентрацијата и помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Циметот го намалува лачењето на хормонот на глад – грелин, додека во истовреме го зголемува нивото на лептин, хормон кој дава чувство на ситост и го намалува прејадувањето.
5. Босилек
Еден од најпознатите антиоксиданси кој го подобрува дотокот на крв до срцето и мозокот. Има антивоспалителни дејства, штити од Алцхајмер и други видови на деменција.
6. Мајчина душица
Овој зачин го зголемува нивото на докозахексаеноинска киселина (DHA), есенцијална полузаситена масна киселина која природно се наоѓа во мозокот. Оптималниот внес на DHA е особено важен за трудниците и доилките, за правилен развој на мозокот на бебето.
7. Оригано
Содржи мноштво корисни антиоксиданси, што го прави еден од најмоќните чувари на мозочните клетки.
8. Лук
Го подобрува дотокот на крв до мозокот и спречува развој на канцерогени клетки во мозочното ткиво.
9. Ѓумбир
Овој зачин може да ве направи попаметни. Имено, екстрактот од корен од ѓумбир се користи во лекување на Паркинсонова болест, но и мигрена, стрес и силни главоболки.
10. Рузмарин
Неколку неодамнешни студии ги докажаа одличните ефект на рузмаринот против намалување на когнитивните функции кај пациентите со деменција.