Заедничкиот кандидат за престедател Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на општина Дебар, каде што повика на претстојните претседателски и локални избори да се гласа за концептот што води напред кон ЕУ и НАТО и побара граѓантие да му дадат поддршка на кандидатот за градоначалник Хекуран Дура.
„Дебрани секогаш знаеле да се обединат за една иста цел, а тоа е подобар живот во нашата заедничка земја. Како иден претседател нема да правам поделби, туку ќе бидам целосно доследен во применувањето на концептот едно општество бидејќи тоа веќе е препознаено како рецепт за успех“, истакна Пендаровски.
Пендаровски пред граѓаните ги потенцира придобивките од отворањето на евроинтеграциите, особено во делот на економскиот развој и перспективите за младите.
„Придобивките од интеграцијата во ЕУ и НАТО веќе се чувствуваат, а тие дополнително ќе се интензивираат со членството во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ. Затоа, не смееме да застанеме, туку да продолжиме напред. Да не им дозволиме на Гордана и на ВМРО-ДПМНЕ пак да нè вратат назад. Тоа ќе го сториме преку гласање за бројот 3 на претседателските и глас за Хакуран Дура на локалните избори овде во Дебар. Затоа, заедно напред, за подобар живот за подобра иднина на Дебар и на Република Северна Македонија“, порача Пендаровски.