Џорџија Ејнџел почина на возраст од 70 години, според „Хафингтон пост“. Веста за заминувањето на актерката, која ја паметиме од серијата „Сите го сакаат Рејмонд”, беше потврдена од страна на нејзиниот пријател и соработник Џон Килти, а причината за смртта сè уште не е откриена.
Освен што беше актерка, Енџел беше и член на сектата „Христијанската наука”, поради што таа не одеше на лекар бидејќи мислеше дека болестите се лекуваат со помош на вера и молитва.
„Знам дека светот ќе стане тажен. Допре толку многу луѓе”, изјави агентката на починатата актерка, Жаклин Стандер.