Ракетните системи на „С-400 триумф“ од Русија ќе ја зајакнат безбедноста на најголемите турски градови, Анкара и Истанбул, објави каналот НТВ, цитирајќи го од Вашингтон турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар.
„Ракетните системи С-400 ќе ја зајакнат безбедноста на Анкара и Истанбул”, рече тој, притоа потсетувајќи дека американските борбени авиони од петтата генерација „Ф-35“, ќе бидат стационирани во воздухопловната база во Малатија, на 600 км од Анкара.
Акар, исто така, потсети дека Турција предложила да се создаде техничка работна група со Вашингтон за решавање на прашањата поврзани со снабдувањето со „С-400“.
Во исто време, портпаролот на американското Министерство за одбрана, Ерик Пахон, изјави за ТАСС дека не планираат да направат таква група со Турција.
Министерот, исто така, ги објави најновите информации за датумот кога руските ракетни системи ќе пристигнат во Турција.
„Во нашите последни контакти со Русија, тие го споменаа јуни.”
Претходно, турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган ,објави дека „С-400“ може да ѝ биде предаден на Турција до јули годинава. Во март, турскиот провладин весник „Јени шафак“ напиша дека првата станица на „С-400“ во Турција ќе биде база на воздухопловни сили во близина на Анкара.