Социјалните мрежи забележаа различни реакции по трагичниот пожар во катедралата Нотр-Дам во Париз, но некои корисници избраа да се потсмеваат и да им се смеат на оние што изразуваат тага, пренесува „Брејтбарт“.
Неколку корисници на Твитер се потсмеваа поради загубата на 850-годишната катедрала, која стана икона на градот Париз уште од Средниот век.
Корисникот на Твитер @SarahSahim, соработник на „Ролинг стоун”, „Тин воуг“ и на „Индепендент“ пишува: „Пожарот во НотрДам е космичка карма за сите историски локалитети и артефакти што Франција ги уништи и украде кога беше колонијалистичко ѓубре.“.
Друг корисник на Твитер, @gaygadott, го нарече пожарот „најестетска и најпријатна глетка што некогаш сум ја видел”, додека на профилот на екстремно левичарската пропалестинска публикација наречена „Еврејски работник“, со седиште во САД, се вели: „Во суштина е страшно, но ако жалите за оваа градба, а не, да речеме, за цела Сирија, тогаш се покажува вашата бела надмоќ “.
И корисници на француските социјални мрежи се потсмеваа на трагедијата, вклучувајќи и над илјада корисници на Фејсбук кои го користеа емотиконот смајли на лајв-стримот од пожарот.
Други корисници на француските социјални мрежи се обидоа да ги поврзат вчерашните настани со еден твит, напишан пред пожарот, од француски тинејџер со корисничко име „Иго“ кој се потсмевал на муслиманскиот аџилак во Мека.
„Иго“ добил бројни закани за смрт како резултат на својоттвит, главно од муслимани. Тој подоцна се извинил.
Хаштагот #JeSoutiensHugo или „Јас го поддржувам Иго” го користеа поддржувачите на тинејџерот, а подоцна и муслиманите на социјалните мрежи, кои го поврзаа пожарот во Нотр Дам сметајќи го за некаква одмазда за тинејџерскиот твит. Еден таков корисник на Твитер, @AhmedMadidus, пишува: „Ете, не ви е гајле за исламот. Вие го поддржувате момчето кое се исмева со Мека. Алах брзо одговори. ”