Екипажот на нафтената платформа во Тајландскиот Залив, пронајде куче што пливаше во морето оддалечено 220 километри од брегот и го врати на копното.
Работникот на платформата „Шеврон Тајланд експлорејшн енд продакшн“, Витисак Пајалав, на својот фејсбук-профил напиша дека кучето е забележано во петокот како плива кон платформата.
Екипажот успеа да го спаси кучето така што му стави јаже околу вратот и го извлече од морето.
Пајалав изјави дека екипажот претпоставувал дека кучето паднало во морето од рибарски брод и го нарекле „Boon Rod” или „Survivor”.
Кучето пристигна на копно во понеделникот во пристаништето Сангкла.
Се проценува дека е во добра состојба и е предадено на групата за заштита на животните „Вочдог Тајланд“.