Маж од американската сојузна држава Мичиген подигна обвинение против своите родители, оти му ја фрлиле в ѓубре колекцијата на порносписанија, филмови и сексуални помагала, вредна околу 29.000 долари.
Неименуваниот 40-годишен Амерканец од мајка му и татко му побара отштета од 85.000 долари. Тие пак, неговата „порноопсесија” ја споредија со зависност од кокаин и нагласуваат дека тоа го сториле за негово добро. Порноколекцијата била спакувана во 14 кутии.
Мажот во 2016 година по разводот се вратил дома кај родителите, а по 10 месеци се иселил и ги замолил да му ги испратат неговите работи на новата адреса во Индијана.
Тој за порнографија почнал да се интересира уште во средно училиште и, како што вели неговиот татко, и тогаш и на факултет бил исфрлан зашто го фатиле, како дели порноматеријали на други студенти.
Обвинителството ја отфрли тужбата против родителите.