Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Берни Сандерс, ги објави своите даночни пријави за изминатите 10 години, во кои се забележува дека станал милионер откако ја зaгуби битката за Белата куќа во 2016 година.
Сандерс, американски сенатор кој често зборува против „милионерите и милијардерите”, објави приходи од 561.293 долари во 2018 година, 1.131.925 американски долари во 2017 година и 1.062.626 во 2016 година.
Во даночните пријави се вклучени сенаторска плата и хонорари од книги, особено за 2016 и 2017 година, кога тој добил 800.000 долари од хонорари. Сандерс објави три книги од почетокот на својата прва претседателска кампања во САД, вклучувајќи ги и најпродаваните „Нашата револуција” и „Каде одиме од тука”.
Во 2015 година една година пред почетокот на првата претседателска кампања, Сандерс заработил 205.271 долари. Сенаторот беше под притисок да ги објави своите даночни пријави.