Пожарот што ја опустоши катедралата Нотр Дам во Париз предизвика шок и тага на Светата столица, изјави синоќа портпаролот на Ватикан, Алесандро Џизоти.
„Страшната вест за пожарот што ја опустоши катедралата Нотр Дам, симбол на христијанството во Франција и светот, беше примена од Светата столица со шок и тага”, рече Џизоти, според Ројтерс.
„Ние ја изразуваме својата блискост со француските католици и граѓаните на Париз, и се молиме за пожарникарите и за сите што прават сé што е можно во справувањето со оваа драматична ситуација”, рече тој.