Медицинската сестра од Тексас, Стефи Ли, на Инстаграм објави снимка од своите деца, синот Теди (5) и ќерка Елоиза со избричени глави – затоа што Теди одлучил и двајцата да ги избричи со електричен брич од мајка му. На почетокот на снимката, мајката неутешно плаче додека ги гледа своите деца на кои им недостасува голем дел од косата на главата. Подоцна, таа почнува да се смее, „од мака” или да не ги растажи децата.
Leave your kids alone for 10 minutes @PodfathersShow pic.twitter.com/UAFITn08oC
— Barstool Sports (@barstoolsports) April 15, 2019
Веќе на прв поглед на Теди во видеото му се гледаат дупки на главата на местата каде што се поминал со брич, но ни косата на неговата сестра не е во многу подобра состојба. Дури кога девојчето го свртело грбот кон камерата, станало очигледно дека целиот заден дел на главата ѝ е ќелав, со мало опавче на секоја страна. Откако ѝ ги избриша солзите од лицето, нејзината мајка се обиде да ја убеди дека сè е добро.
„Во ред е, тоа е само коса, ќе порасне нова. Мама не се лути. И зошто му го дозволи тоа на брат ти?“
Наместо неа одговорил малиот фризер, кој ѝ рекол на мајката: „Таа рече дека ѝ се допаѓа и го сторив тоа, па сакавме да ти покажеме“. И кога ја праша Елоиза дали ѝ се допаѓа нејзината нова фризура, таа кратко и јасно рече: „Не”.
Братот на Стефи, Иан Хагагорн, го објави новиот изглед на децата, и тој напиша:
„Моите внуци најдоа електричен брич и полудеа.“