Владата на денешната седница го задолжи Министерството за надворешни работи да стапи во контакт со француското министерство, поради координација во врска со меѓународната помош за реставрација на опожарената катедрала Нотр Дам во Париз.
Како што информираат од владината прес-служба, ваквата координација треба да се воспостави со цел да се определи најсоодветната поддршка која државава може да ја додели за обновата на овој, како што се вели, грандиозен споменик од цивилизациско значење.