Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.А.(22) од кривопаланечкоto село Петралица, осомничен за криумчарење на мигранти.
На 13 април годинава околу 22 часот на автопатот Неготино-Градско, кај археолошкиот локалитет Стоби, при преглед на патничко возило „волво“, управуван од пријавениот, биле пронајдени 11 мигранти, од кои шест биле од Авганистан, тројца од Сирија и по еден од Ирак и Пакистан.