Полицијата го евакуира четвртиот највисок облакодер на Шпанија, „Торе еспасио“, во кој се сместени амбасадите на Обединетото Кралство, Канада, Австралија и на Холандија, поради закана од бомба, пренесува Еј-би-си цитирајќи ги шпанските медиуми.
Службите за вонредни состојби, вклучувајќи ги и пожарникарите, националната и општинската полиција,, наводно, пристигнале на местото на настанот.
Националната полиција побара од секој кој се уште е во или во близина на зградата да ги следи упатствата на персоналот за обезбедување.
Облакодерот висок 235 метри, кој се наоѓа во Пасео де ла Кастелана во Мадрид, има 57 ката.