Кандидатот за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со Здружението за животна средина „Еко Планета“.
„На средбата со Здружението разговаравме за можностите за вклучување на еколошки теми во образовниот процес, и теоретски и практични лекции“, појасни Сиљановска-Давкова.
Сиљановска додаде дека Здружението за животна средина ја има нејзината целосна поддршка, бидејќи заштитата на животната средина е и нејзин приоритет.