Ретко ги јадеме, а тие нè чуваат од лоши болести.
Но, за среќа постои нешто што може да ни помогне да го избегнеме ваквиот пробле. Тоа се сувите сливи – докажано средство од домашната аптека.
Најдобро е да се конзумираат 2-4 сливи наутро. Можеме да ги јадеме на празен стомак или да ги додадеме во некое мусли или друга каша за појадок.
Тие ја поттикнуваат работата на цревата, го подобруваат варењето, а со тоа и самиот метаболизам и ја спречуваат подуеноста и таложењето на килограмите.
Освен тоа, сувите и свежи сливи го штитат мозокот од штетното влијание на слободните радикали и помагаат во превенцијата на кардиоваскуларните болести и канцерогени заболувања. Тие содржат и високо ниво на фитонутриенти кои се нарекуваат феноли, а бројни истражувања покажуваат дека токму тие феноли се одлични за чистење на маснотиите од телото.
Ова сушено овошје исто така содржи и многу природни влакна која помага во стабилизација на шеќерот во организмот. Тие помагаат и за намалување на холестеролот токму поради таквите влакна. Исто така, имаат моќ и да ги штитат коските и да го намалат ризикот од остеопероза. Содржат и бета каротен и витамин К кои се одлична комбинација за здравјето на коските и подобрување на циркулацијата.