Упаднале со фантомки, го врзале чуварот и го запалиле целиот возен парк на фирмата

Упаднале со фантомки, го врзале чуварот и го запалиле целиот возен парк на фирмата

Маскирани и вооружени напаѓачи изминатата ноќ во селото Превалац кај Врање, го врзале стражарот и го запалиле целиот возен парк на приватното претпријатие „5Д“ .

Пожарот е локализиран, нема повредени, но штетата се проценува на повеќе од половина милион евра, известуваат српските медиуми.

Запалени се три градежни машини, девет мешалки за бетон, како и дел од асфалтната и бетонската база.

-Тројца упаднаа со маски.Еден пријде и му впреи пиштол во главата, додека двајца, претподтавуваме со молотови коктели, посипале се со бензин, запалиле и си заминале.Мојот сопруг бос истрча од куќата и со уште неколку работници се обидуваа да го изгаснат пожарот, но залудно, се отиде, се пепелоса- раскажала сопругата на сопственикот на фирмата.

 

Треба да знаете
Последни објави