Британскиот актер Бенедикт Камбербач (42), најпознат по улогите на Шерлок и Доктор Стрејнџ во „Одмаздници”, минатиот септември удри со својот автомобил во велосипедист, а полицијата дури сега го потврди инцидентот. Пензионираниот рибар Мајкл Лоренс Скуби (63) не го препознал холивудскиот актер и му влепил шлаканица откако Бенедикт излегол од својот „ламборџини урус“. Несреќата се случила на тесниот пат на англискиот островот Рајт.
„Скуби беше на нов велосипед кога автомобилот излезе од никаде. Буквално беше невозможно да се движи на патот. Тој ја стави раката преку него и само го удри со сета своја сила и го скрши ретровизорот. Неговата рака беше скршена“ – кажа пријателот на Мајкл за „Сан“. Тој додаде дека имало крв насекаде.
„Скуби беше полн со адреналин и реагираше најдобро што може, со шлаканица. Дури откако Бенедикт ја симнал својата шапка, сфатил дека удрил холивудска ѕвезда. Скуби кажа дека речиси добил инфаркт“, раскажа пријателот.
Кога се смириле, актерот му дал на рибарот маица и шише вода за да ја исчисти крвта и му понудил да го превезе до болница.
Камбербач ја пријавил несреќата во полицијата на островот Рајт, но им рекол дека не сака да поднесе обвинение за шлаканицата.
Пензионираниот рибар сега го разгледува барањето за отштета, го советуваа дека може да добие 20.000 фунти.
„Жал ми е, но не можам да зборувам за тоа”, изјави Скуби за „Сан” кога го прашаа за несреќата.