Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ е подготвена и за Брегзит без договор, но оти нема ништо да се добие со тоа.
Тој додаде дека Унијата никогаш нема да „исфрли” земја членка, но смета дека ЕУ 27, сепак. треба да имаат право да се состанат без Велика Британија, додека државата се уште е членка на блокот.
Британската премиерка Тереза Меј претходно во писмо упатено до државните службеници рече дека подготовките за Брегзит без договор треба да продолжат и покрај новото продолжување на крајниот рок за истапување на Велика Британија од ЕУ.