Алегри останува во Јувентус
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето на Лигата на шампионите, рече дека ќе остане во тимот.
– Пред неколку дена се сретнав со претседателот на клубот и му кажав дека ќе останам во Јувентус. Заедно со раководството седевме и разговараме за иднината на клубот, изјави Алегри за „Фудбал Италија”.
Педесет и едногодишниот Алегри, заедно со Јувентус, освои четири шампионски титули, на дофат е и петтата во низа во италијанскиот шампионат. Двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите.