Капитенот на Ајакс, Матаис Де Лихт увери дека во оваа фаза се уште нема ништо сигурно за евентуален негов трансфер. Младиот фудбалер е посакуван од Јувентус, Барселона и Баерн Минхен, а според информациите, најблиску е до „Камп Ноу”.
По синоќешната победа со 2:1 над Јуве во ЛШ, холандски новинар се обрати кон него со прашањето: „Постојат гласини дека Семјуел Умтити ќе премине во Јувентус, а ти ќе одиш во Барселона. Кога ќе го објавите вашиот трансфер во Барса?”.
На ова Де Лихт одговори со следново: „Да објавам? Нема ништо за објавување. Јас не сум потпишал ништо. Ние сме веќе во полуфиналето во Лигата на шампионите и ние сме лидери во шампионатот. Имам доволно, на кое треба да мислам”.