„Навивачи” на Манчестер Јунајтед го бомбардираа со навреди капитенот на тимот, Ешли Јанг по елиминацијата од Лигата на Шампионите.
Многумина од нив го нападнаа искусниот играч на расистичка основа. Во публикации на различни корисници на „Твитер” се читаат зборовите како „мајмун” и „црнец”, како и најдолни вулгарности.
Во контекст на ова, познатата организација за борба против расизмот и секаков вид дискриминација – „Кик ит Аут”, излезе со специјално обраќање, во кое се вели следново: „Уште еден темнокож играч, овој пат Ешли Јанг, стана предмет на расистички напад на социјалните мрежи по дуел од ЛШ. И повторно го поставуваме на „Твитер” истото прашање: Кога ќе преземете сериозни мерки, за да се справите со жестоката дискриминација на вашата платформа?”.