Денес претпадне претежно сончево со мала облачност, а од пладне облачноста ќе се зголеми и особено на југозапад ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната од 14 до 21 степени.
В петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.
Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.