Следниот состав на Европската комисија би требало политиката на проширување кон Западен Балкан да ја задржи како еден од своите приоритети, е главната порака од Форумот на цивилно општество на Западен Балкан одржан во Тирана.
Во завршната декларација од дводневниот Форум се повикува и на понатамошна економска интеграција на регионот со укинување на сите неправедни бариери на извозот на стоки и услуги, стои во соопштението на Европскиот економски и социјален одбор.
– Проширувањето, а посебно ширењето на ЕУ демократските вредности и законски стандарди кон регионот на Западен Балкан е во интерес и на нашите партнери во регионот и ЕУ, изјави претседателот на Европскиот економски и социјален одбор Лука Хавиер.
Повеќе од 180 претставници на цивилни организации од Западен Балкан и ЕУ учествуваа на седмиот по ред Форум на цивилно општество во организација на Европскиот економски и социјален одбор со поддршка на Европската комисија и Регионалниот совет за соработка.