Река за официјализирање на албанскиот јазик

Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија вечерва тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитува на Алсат, но сепак сите тројца на став дека гласачите не ги делат по етничка основа и дека во својата кампања се обраќаат до сите граѓани, а не до одредени етникуми.

Кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река вели тој е за официјализирање на албанскиот јазик, како втор службен јазик во земјава.

-Меѓу мене и другите двајца кандидати постојат дијаметрално различни ставови во однос на ова прашање. Јас тука поаѓам од концетот на родени права. Ние Албанците кои сме родени тука имаме такво право, а со сегашното решение сме деградирани во Уставот со статистика од 20 отсто, рече Река.

Нагласи дека кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова беше против донесувањето на овој закон, додека кандидатот, кој ја има поддршката од СДСМ, Стево Пендаровски е за максимално користење на албанскиот јазик, но тој е за негово официјализирање.

 

Треба да знаете
Последни објави