Надбискупијата во Лос Анџелес ѝ испратила осум милиони долари отштета на тинејџерка која била силувана и избркана од страна на наставник во тамошното католичко средно училиште во 2016 година, изјавил нејзиниот адвокат Дејв Ринг, пренесува „Њујорк тајмс“. Овој случај привлече големо внимание на проблемот со сексуална злоупотреба во католичките институции, кои ги извршиле вработени кои не се членови на свештенството.
Адвокатот Ринг верува дека се работи за најголема отштета кога било, исплатена на едно лице од страна на надбискупијата која веќе исплатила стотици милиони долари за силувања изминатите години. Како што пишува „Њујорк тајмс“, се работи за рекодрна исплата на надбискупијата на едно лице.
Портпаролката на надбискупијата во Лос Анџелес, одбила да ја потврди сумата која е исплатена.
„Надбискупијата е свесна дека со насилство и злоупотреба се врши сериозна штета на животот на жртвата. Се надеваме дека во оваа ситуација, отштетата ќе ѝ помогне на девојката да ги залечи ранети и да продолжи во иднината кон својата зададена цел. Надбискупијата се извинува поради се што се случило“ стои во изјавата на портпаролката.
Не е познат идентитетот на тинејџеката, но е познато дека имала 15 години кога почнала сексуалната злоупотреба од страна на наставникот и тренер Иван Барајас во 2016 година. Барајас бил спортски директор и наставник, тренер по одбојка во средното училиште, кое го управува надбискупијата.
Како што пренесува „Њујорк тајмс“, наставникот ѝ испраќал непристојни пораки и фотографии на ученичката, кои ги снимал додека ја силувал. На крајот, кога неговата сопруга ги открила фотографиите на неговиот мобилен телефон, тој ја избркал девојката од училиштето.