Осуденик кој избегал од затвор вчера бил пронајден и вратен во затворот во Струмица. Според полицијата, станува збор за Ј.А.(29) од Струмица.
Осуденикот бил уапсен вчера во 12 часот во ПС Струмица бил приведен Ј.А.(29) од Струмица за кого била распишана потерница по наредба на Основен суд Струмица порадо бегство од Затвор Струмица.
Во 13 часот осуденикот бил предаден на Основен суд Струмица.