Антикорупциска ќе одлучува по пријави за прекршување на Изборниот законик
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска во своите простории ќе ја одржи деветтата седница, на која на дневен ред се повеќе приговори за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседатеските избори.
Како што се наведува во воопштението, сите приговри се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на активности на Платежната агенција, како и против градоначалниците на општините Гази Баба и Штип, на Општината Штип, и вд градоначалникот на Ново Село, Струмичко.