Во култниот Сатиричен театар во Софија, под раководство на Калин Серменов, започнаа подготовките на меѓународниот проект на светската изведба на најновата драма на македонскиот драматург Јордан Плевнеш „Глобална комедија“.
Драмата ќе ја режира познатиот француски режисер Патрик Вершурен, а главните улоги ќе ги толкуваат бугарските актери Александра Срчаџиева и Теодор Елмазов. Сценографијата е на Бојана Семерџиева, звучниот дизајн е на Мартин Каров, а сонговите за претставата ќе ги компонира Константин Плевнеш. Премиерата во Софија ќе биде изведена на 2 декември 2019 година, а истата претстава со бугарските и француските актери Франсоа Клавие и Наташа Машкиевич, од парискиот театар Белвил ќе се игра во почетокот на следната година.