Гранични полицајци во Босна и Херцеговина во повеќе градови уапсиja девет луѓе и претресoa 10 локации, во рамки на големата полициска акција „Маракан“, а во врска со криумчарењето мигранти, пренесуваат босански Кликс.ба.
Полицијата привремено одзела четири автомобили, одредена количина дрога и оружје. Акцијата е спроведена во Бијелине, Брчког и Долни Жабар. Активностите на полицијата се насочени против организираните криминална група, која од јануари до април годинава на подрачјето на Бијелине, Брчког, Бихач и Градишка криумчареле мигранти од земјата од висок миграциски ризик, а најчесто Пакистанци, Иранци, Ирачани и Сиријци.
За време на акцијата, со кодно име „Маракан“, полицијата документирала повеќе случаи на криумчарења луѓе од подрачјата на Србија во БиХ, и нивно понатамошно пренесување во земјите на ЕУ. Идентификувани се 11 државјани на БиХ, кои криумчариле повеќе од 140 мигранти. Со тоа се стекнале со значајна противправна имотна корист.
Упсешната акција е резултат на професионализмот и лојалност на службениците на Централната истражна канцеларија, но и другите одделенија на Граничната полиција на БиХ, кои учествувале во неа.