Фудбалерите на Ајакс синоќа му одржаа лекција и на Јувентус и заслужено се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите.
После ремито од 1:1 во Амстердам, фудбалерите на Ајакс синоќа славеа против Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу четирите најдобри во најелитното европско клубско натпреварување.
„Знаеме што можеме и знаеме за што е способна оваа екипа. Ова што го правиме не е нормално, ова е бизарно. Не сум бил роден кога Ајакс последен пат играле во полуфиналето од Лигата на шампионите“, изјави Матијас Де Лихт.
Ајакс за пласман во големото финале ќе се бори против подобриот од дуелот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем кој се игра вечерва во 21:00 часот.