Денеска во Денвер сите училишта ќе бидат затворени поради закани дека ќе биде изведен нов напад на 20-годишнината од пукањето во средното училиште Колумбајн.
Властите соопштија дека заканите на осумнаесетгодишната Сол Пајс, за која тврдат дека е вооружена, ги принудиле Колумбајн и уште 20 други училишта да ги затворат вратите речиси три часа во текот на попладнето во вторникот, објави АП.
Сите јавни училишта во Денвер ќе бидат затворени, а попладневните активности и атлетските натпревари ќе бидат откажани.
Канцеларијата на шерифот од округот Џеферсон и ФБИ рекоа дека Пајс пристигнала во Колорадо од Мајами во понеделникот вечерта и патем купила пушка и оружје.
Во престрелката во средното училиште Колумбајн во 1999 година беа убиени 13 лица.