Изложба за европската мода на црногорскиот двор на преминот од 19 во 20 век

Во Музејот на македонската борба вечер од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Европската мода на црногорскиот двор”.

Ќе биде претставена  софистицирана облека на семејството на црногорскиот крал Никола, кроена од модни креатори во Париз, од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Изложбата се организира во соработка со Народниот музеј на Република Црна Гора и е во рамки на работната посета на црногорскиот министер за култура Александар Богдановиќ, кој со својот домаќин, Асаф Адеми, ќе потпише Програма за културна соработка за 2019-2022.

Треба да знаете
Последни објави