Француските иследници ја разгледуваат веројатноста можна причина за пожарот што избувна во катедралата Нотр Дам претходно неделава да бил краток спој во електричната инсталација, пренесува „Ле Паризиен“.
„Можеби имало краток спој. Истражувачите покренуваат прашања за механизмите за подигање што се користеле во поправката”, вели еден извор на весникот.
Претходно од градежната компанија „ Europe Echafaudage”, која беше ангажирана во обновувањето на катедралата, изјавија дека ги исполниле сите безбедносни услови и протоколи.
Катастрофалниот пожар во Нотр Дам избувна во понеделникот вечерта и резултираше со колапс на шпицестата кула на катедралата и две третини од покривот.
По трагичниот пожар, француските власти, стопанствениците, јавните организации и здруженијата кои водат кампања за заштита на историски споменици, веднаш почнаа да собираат средства за обновување на иконската катедрала.