Група бегалци и мигранти се обиделе да се качат на товарен воз што сообраќал од Солун до Идомени, што се наоѓа на границата на Грција со Северна Македонија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, машиновозачот ја известил полицијата дека во вагоните нелегално се качиле група мигранти и бегалци, по што го запрел возот во близина на Солун.
Кога пристигнала полицијата, лицата што биле во вагоните веднаш побегнале.