Москва верува дека легитимната сириска влада треба да ја врати контролата над североисточниот регион во земјата што е можно поскоро, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.
„Потребно е да се реши прашањето во врска со североисточниот дел на земјата и левиот брег на реката Еуфра за да се постигне една од приоритетните задачи и да се обезбеди враќање на контролата на легитимната влада врз регионот”, нагласи Лавров.
Зборувајќи за други важни цели, високиот руски дипломат ја истакна потребата да се изгради дијалог со Курдите и да се осигураат интересите на Турција кога е во прашање безбедноста во пограничните области на Сирија.