Папата Франциск рече дека болно го погодило уништувањето на дел од катедралата на „Нотр Дам“ во Париз и додаде дека целата Католичка црква е благодарна на сите кои ги ризикувале животите за да ја спасат.
Обраќајќи им се на десетици илјади луѓе на плоштадот „Свети Петар“, папата порача дека се надева дека напорите за реставрација би можеле да бидат „хармонично дело на пофалба и слава на Бога “.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека катедралата Нотр Дам, која е делумно уништена во пожарот, ќе биде обновена за пет години и ќе биде уште поубава.
Тој нагласи дека има многу работа што претстои, има се заблагодари на пожарникарите, донаторите и полицијата за безрезервната помош. Донациите од голем број светски компании и богати поединци за обнова на катедралата Нотр Дам само за еден ден надминаа 600 милиони евра