Пендаровски во Штип, Силјановска во Делчево
Кандидатите за претседател на државата и денеска во рамки на кампањата ќе ги претстават своите изборни програми на средби со граѓани и митинзи.
На 17-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Берово и Делчево. Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Штип. Пендаровски претходно ќе има и средби со граѓаните на Кратово, Пробиштип и Карбинци.
Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април на полноќ по што ќе следи 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.
Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.
Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА првиот митинг го одржа во Скопје, Силјановска-Давкова ја почна кампањата од Охрид, а Пендаровски од Прилеп.
Претседателските кандидати веќе ги одржаа централните митинзи и го спротивставија ставовите на неколку телевизиски дебати.