Најмалку 150 луѓе се исчезнати по бродолом на езерото Киву во источниот дел од земјата, изјави претседателот на Конго, Феликс Чисекеди.
Моторниот чамец патувал кон комерцијалниот центар Гома, каде целосно потонал. Се претпоставува дека многу од жртвите се трговци кои ја користат таа рута секоја недела.
Претседателот напишал на Твитер дека властите ќе работат на тоа да се казнат одговорните за несреќата. Локалните власти соопштиле дека само четири тела се пронајдени, а дека 35 луѓе се спасени.
Активисти од цивилно општество ја повикаа Владата да го зголеми надзорот над пренатрупаните чамци и бродови, што е многу честа причина за несреќи во земјата.