САД на 2 мај ќе ја укинат забраната за поднесување тужби против компании кои тргуваат со Куба, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.
– Секое лице или компанија која тргува со Куба треба да го има во предвид оваа соопштение, посочи Помпео.
Најавената промена на политиката може да ги изложи американските, канадските и европските фирми на законски акции и да ги попречи кубанските напори за привлекување на странски инвестиции.